Поврзете се со нас

Шпанија

Итуралде: Себалјос требаше да добие црвен картон уште во 25. минута (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Итуралде Гонзалес се согласи со заклучокот на Бенгочеа и посочи дека Атлетико Мадрид оправдано добил пенал на дербито против Реал, но пензионираниот шпански судија анализираше уште една ситуација која привлече големо внимание.

Иако целиот фокус се стави на пеналот кој го изнуди Лино, во првото полувреме имаше уште еден спорен момент, а тоа беше стартот на Дани Себалјос над Бариос во 25-та минута.

Иако во прв момент Сото Градо дозволи предност и акцијата продолжи, по крајот на истата му покажа жолт картон на фудбалерот на Реал, кој според многумина можеше да биде и црвен.

– Стартот на Себалјос е за исклучување, бидејќи во ниту еден момент не е блиску до топката. Јасно е дека го нагазнува со цела копачка и неговата нога заглави во ногата на Бариос.

– За мене, ова е ситуација во која мораше да се вклучи ВАР, ова е акција за црвен картон, – порачува Итуралде Гонзалес.

Видеото погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни