Поврзете се со нас

Шпанија

Итуралде: Родриго требаше да добие црвен картон уште во 5. минута (Видео)

Објавено

на

Реал Мадрид победи со пресврт на гостувањето на Канарските Острови и запиша нови три бода во шпанската Ла Лига, но дел од шпанската јавност повторно тврди дека „кралевите“ добиле нова судиска помош на овој натпервар.

Фановите на Лас Палмас на социјалните мрежи обвинуваат дека судиите го помилувале Родриго и го оставиле на теренот за старт за кој требал да заработи црвен картон, а водејќи се според правилата, во таа насока оди и анализата на Итуралде Гонзалес.

Пензионираниот шпански судија редовно дава свои експертски анализи за сите спорни ситуации во Ла Лига, а исто како што беше случајот и минатиот викенд, сега повторно смета дека Реал имал среќа со судиите.

Родриго го удри голманот на Лас Палмас со левата рака и доби жолт картон, но Итуралде вели дека за вакви непотребни и агресивни потези, треба да има поправка и да се покаже црвен картон.

– Родриго требаше да добие црвен картон уште во 5-та минута. Тој потег е за исклучување, има интензитет и непотребно покажува сила. Родриго замавнува со сила и тоа е казниво со црвен картон. Клучно за мене е тоа што покажува интензитет и што презентира сила додека го упатува ударот, – вели Итуралде Гонзалес.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни