Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Итуралде: Реал доби судиска помош, требаше да го заврши мечот со 10 играчи (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

РБ Лајпциг го надигра Реал Мадрид и заслужи да оствари победа на „Сантијаго Бернабеу“, но лошата реализацијата им се удри од глава на Германците кои беа блиску до големо изненадување.

Бундеслигашот имаше серија закани уште при резултат 0:0 и пропушти три-четири чисти шанси за да поведе, но на крајот се враќаше од негатива и во самата завршница ја погоди гредата во обид да избори продолженија.

За Реал Мадрид како многу важен се покажа голот кој го постигна Винисиус Жуниор, играч кој пак според легендарниот Итуралде Гонзалес не требал да биде на теренот во дадената ситуација.

Бразилецот имаше мало помрачување и презентираше агресија кон капитенот на Лајпциг (Орбан) при резултат 0:0 во 54-та минута, а поранешниот најдобар шпански судија смета дека Винисиус требал да добие директен црвен картон бидејќи ударот завршил во пределот на вратот.

– Судијата можеше да го исклучи Винисиус. Тоа беше втор некоректен потег во иста акција, а ударот завршува во вратот, а не во градите. Можеше слободно да го исклучи. Реал Мадрид доби судиска помош, требаше да го заврши натпреварот со десет играчи. На крајот, голот за Реал го постигна играчот кој требаше да биде исклучен, – анализира Итуралде за „АС“.

Видеото погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни