Поврзете се со нас

Шпанија

Итуралде откри што му порачал на Мурињо по првиот дебакл на „Ел Класико“: Погреши само околу една работа!

Објавено

на

Итуралде Гонзалес крена голема прашина во шпанската спортска јавност пред десетина дена откако излезе со тврдење дека 90 проценти од судиите се симпатизери на Реал Мадрид (а останатите 10 на Барселона), изјава со која секако предизвика огромна дебата на Пиринеите.

Гонзалес своевремено беше најдобар шпански судија и дури 17 години ја делеше правдата во Примера, но откако со претходната изјава ја подели јавноста, сега се најде во фокусот со признанието кое го имаше за „пеколното крштевање“ кое го имаше Жозе Мурињо на „Камп Ноу“.

На своето прво „Ел Класико“ дерби во Барселона, Мурињо претрпе пораз од 5:0, а пред натпреварот, Португалецот во својата најава излезе со коментар дека Итуралде е традиционално подобар судија за лутиот ривал. На овој начин, Жозе во свој стил изврши притисок врз главниот арбитар, но бидејќи средбата не беше воопшто израмнета, Мурињо немаше што да коментира за судијата по дербито.

Сепак, впечаток остави кратката конверзација која ја имаа Мурињо и Итуралде по натпреварот, а сега судијата откри што му порачал на тогашниот тренер на Реал.

– Беше на насловните страни на сите медиуми со изјавата која ја даде пред мечот, сите го читавме и го слушавме. Сакаше да создаде притисок врз мене, тоа е јасно. Кога креваш врева, треба да останеш на тоа. По натпреварот, дојде да ми честита. Го стиснав за раката и му порачав: Погреши само во една работа. Тука има само еден петел и тоа не си ти, тоа сум јас, – открива Гонзалез за „Карусел Депортиво“, алудирајќи на тоа дека Мурињо не требал да го „крева носот“ пред дербито на таков начин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни