Поврзете се со нас

Лига на нации

Итуралде образложи зошто голот на Мбапе не беше поништен: Почнува во офсајд, но…… (Видео)

Објавено

на

Цела Шпанија се крена на нозе откако Франција ја освои титулата во Лигата на нации со контроверзен гол постигнат од Килијан Мбапе, кој во зачетокот на додавањето беше во класичен офсајд, но истиот не се активираше поради еден детаљ кој сега го објасни поранешниот најдобар шпански судија.

Итуралде Гонзалес како експерт за „АС“ и „Карусел“ и образложи на јавноста во Шпанија зошто луѓето во ВАР собата не го поништија голот на Мбапе, иако почетната позиција на Французинот беше офсајд.

Екс арбитарот потенцира дека клучен е неуспешниот старт на Ерик Гарсија, кој со допирот на топката направил да почне друга акција, што според правилата, прави голот на Мбапе да биде регуларен.

– Јасно е, Мбапе трга во офсајд и тоа е многу очигледно. Гарсија имаше лош допир со топката, се гледа дека Ерик се фрла за да ја расчисти ситуацијата.

– Кога ја допирата топката, го активира Мбапе во друга акција. За да нема полемики, Мбапе не му пречи во неговата интервенција и со тоа не влијае врз неговата реакција. Ако влијаеше врз интервенцијата на Гарсија, ќе беше офсајд. Правилникот вели дека се суди офсајд само ако напаѓачот влијае врз реакцијата на дефанзивецот, – објаснува Итуралде.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни