Поврзете се со нас

Шпанија

Итуралде направи експертска анализа за недосудениот пенал на Реал (Видео)

Објавено

на

Реал Мадрид се избори за бод во големото дерби против Атлетико во самата завршница, откако Карим Бензема израмни на 1:1 во 88-та минута по добрата комбинација која ја имаше со Бразилецот Касемиро.

На крајот, правдата беше задоволена со оглед прикажаното на теренот и Реал дојде до заслужено израмнување и поделба на бодовите, но сепак играчите и фановите на Реал ќе бараат одговори од одговорните луѓе во Примера за недосудениот пенал во првото полувреме.

При негатива од 1:0, во 43-та минута имаше една крајно сомнителна ситуација кога дефанзивецот Фелипе ја удри топката со рака, па иако стануваше збор за ненамерно играње со рака, за иста ситуација во петокот Вилјареал доби пенал против Валенсија. Различното толкување на ваквите акции останува актуелно во шпанскиот фудбал, но во дадената ситуација, главниот арбитар Ернандез процени дека нема елементи за најстрога казна.

Со ваквото негово мислење се согласија и редовните аналитичари и поранешни судии, Итуралде Гонзалес и Андухар Оливер.

– Фелипе скокна за да ја удри топката со глава, рацете му се во природна позиција за време на скокот и додека паѓа, топката го удира во раката. Во ниту еден момент не прави своето тело да биде поголемо. Ова не е намерно играње со рака, ова никогаш не е пенал и играње со рака, – порача Итуралде.

– Играњето со рака беше ненамерно, Фелипе не ја ни гледа топката. Ако се досудеше пенал, ќе беше голема неправда, – порача Андухар Оливер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни