Поврзете се со нас

Шпанија

Итуралде направи експертска анализа на трите спорни одлуки кои му донесоа победа на Реал против Алмерија (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид оствари победа и освои планирани три бода против Алмерија, но начинот на кој го направи тоа предизвика вистинска лавина од реакции во Шпанија.

Причина за тоа се трите спорни одлуки кои ги досуди судијата Маесо со помош на луѓето во ВАР, а интересно е тоа што трите беа во корист на фаворитот кој на крајот режираше пресврт и победи со 3:2.

Алмерија имаше позитива од два гола и не успеа да го издржи притисокот во вториот дел, но може слободно да се каже дека немаше и воопшто среќа со судиите и луѓето во ВАР собата.

Итуралде Гонзалес како поранешен најдобар шпански судија и актуелен специјален аналитичар брзо направи експертиза за тоа што се случи на „Бернабеу“, заклучувајќи дека судијата Маесо донел две погрешни одлуки на штета на Алмерија.

– Првиот гол кој го постигна Реал не требаше да биде пенал. Тоа не е пенал, за мене има прекршок од Хоселу. Играчот на Реал Мадрид се „обеси“ врз дефанзивецот на Алмерија и прави прекршок над него пред топката да заврши во рака. Не требаше да има пенал.

– При голот кој требаше да донесе 1:3 за Алмерија, сметам дека има прекршок од Лопи над Белингам и тоа не е погрешна одлука од Маесо. Голот е поништен поради тоа што потои контакт кој завршува во лице на еден фудбалер. Една работа е дали ви се допаѓа таа одлука, или не, но тоа е прекршок и голот е правилно поништен.

– Последната спорна ситуација е онаа за 2:2. Може да имате многу сомнежи за таа ситуација, но јас гледам повеќе рака, отколку рамо. Не можам да тврдам со сигурност, но тоа не беше ситуација во која требаше да се активира ВАР. Маесо процени дека е рака на теренот, а потоа си ја поништи одлуката. За мене имаше две полемики на овој меч, пеналот за 1:2 и голот за 2:2, голот на Алмерија сметам дека е правилно поништен, – порача Итуралде.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни