Итуралде даде експертски коментар за регуларноста на карате погодокот на Перишиќ

perisic-karate

Хрватската спортска јавност на големо го слави првото историско финале на светските првенства, успех кој играчите на Далиќ го навестија со акробатскиот карате гол на Иван Перишиќ кој успеа да го надмуди својот чувар, во случајот Кајл Вокер.

Голем дел од англиските експерти брзо отворија дебата за овој момент и многумина сметаат дека Перишиќ направил прекршок во дадената ситуација, а бидејќи оваа тема брзо се рашири на социјалните мрежи и во цела спортска јавност, со експертска анализа излезе и поранешниот најдобар шпански судија, Итуралде Гонзалес.

Итуралде смета дека Перишиќ опасно пристапил во дадената ситуација и дека со копачката го допрел Вокер, па според него овој гол требал да биде поништен од Чакир.

– Имаше опасна игра од Перишиќ при израмнувачкиот гол на Хрватска. Тој гол не требаше да биде впишан на семафорот, – вели Гонзалес кој ги коментира спорните ситуации како експерт за „Ас“.

Facebook Коментари