Итроштина за која зборува цела Германија: Напаѓачот на Мајнц си ги врзуваше копачките, а потоа ја насамари одбраната на Херта (Видео)

kuaison-vrzuva

Јирген Клинсман си поднесе оставка од тренерската функција во Херта по само 76 дена минати како кормилар на тимот, а последниот меч кој го одработи како предводник на составот од Берлин сигурно нема да го памети по добро.

Мајнц победи со 1:3 на Олимпискиот стадион во Берлин благодарение на својот напаѓач Куаисон, издание кое сепак ќе остане во сеќавање по несекојдневната итроштина која ја изведе шведскиот голгетер.

Куаисон ги постигна сите три гола за гостинскиот тим, но еден од нив беше необичен и специфичен по сето тоа што претходеше на лесната реализација. Куисон си ги врзуваше копачките и со тоа го оттргна вниманието од себе, а потоа влета со полна пареа во шеснаесетникот и ги насамари дефанзивците на Херта….

Facebook Коментари