Поврзете се со нас

Италија

Италијанско министерство за здравство: Еден позитивен тест и крај на Серија А

Објавено

на

Еден ден откако стана јасно дека клубовите од Серија А имаат дозвола за тренинзи од 18 мај, но секој позитивен тест на коронавирус ќе значи карантин за цел тим, дополнително негативна информација за првенството пристигна и од Министерот за здравство на Италија.

Според официјалниот став, еден позитивен тест ќе значи крај на првенството.

– Без сомневање, ако има само еден позитивен тест на КОВИД-19 во некој клуб, целата сезона завршува. Карантинот се активира автоматски и целата сезона запира. Ако не запреме, тогаш вирусот ќе не запре, љубовта кон фудбалот значи и љубов кон тие кои се инволвирани во него, – вели Сандра Ѕампа од Министерството.

– Единствената причина поради која дозволуваме продолжување на Серија А е поради економскиот фактор, – дополнува Ѕампа.

Информациите од Италија навестуваат дека и клубовите од Серија Б нема да можат да ја продолжат сезоната, поради големите трошоци за исполнување на медицинскиот протокол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни