Поврзете се со нас

Италија

Италијанските судии најавија „англиски критериум“, се демантираа уште првиот ден (Видео)

Објавено

на

Првите натпревари од новата сезона во Серија А донесоа и интересни соочувања со вклучени пресврти и драматични завршници, но и поплаки од неколку судиски одлуки.

Италијанската судиска комисија најави дека ќе ги промени критериумите во однос на одредени одлуки и ќе се приближи кон „англискиот критериум“ кој дозволува повеќе физички контакти и пред се помалку пенали, но очигледно тоа ќе биде тешко изводливо.

Уште по првите две средби судиите наидоа на сериозни замерки, а посебно се анализираат поништениот гол на Сампдорија и пеналот досуден за Милан.

Самп поведе против Аталанта преку Капуто, но по реакцијата на ВАР собата и прегледувањето на снимката, главниот судија го поништи голот.

– Немаше прекршок над Меле, фудбалерот сам падна на тревата. Паирето (ВАР) направи грешка што го повика судијата, а Диониси што реши да го поништи голот, – пишува денешна „Газета дело Спорт“.

На дуелот меѓу Милан и Удинезе, домаќините добија пенал по дуелот на Сопи и Калабрија, а Ернандес израмни на 1:1.

– Реакцијата на Мацолени (ВАР) е нелогична, немаше никаков прекршок бидејќи судијата Маринели го виде инцидентот и донесе одлука. Немаше пенал, се надевам ќе добиеме објаснување, – изјавил спортскиот директор на Удинезе, Пјерпаоло Марино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни