Италија
Италијанските судии ги признаа најголемите ВАР грешки, Роки бара построги казни за инцидентите
Италијанската асоцијација на фудбалски судии денеска одржала средба со медиумите, а на истата Џанлука Роки презентирал дел од утврдените грешки во првиот дел од сезоната на Серија А, истовремено барајќи поголема заштита за судиите.
Одговорниот за делегирање смета дека дисциплинската комисија не презема сериозни мерки во однос на доделените казни и судиите постојано се навредувани или под закана од напад, наведувајќи ги двата последни примери.
– Орсато бил навредуван на последното градско дерби во Купот, додека Гуида едвај избегнал физички напад во Салерно. Мислам дека е доста во однос на толерирање на вакви испади, мора да го користиме примерот на УЕФА и виновниците да бидат строго казнети, – рекол Роки.
АИА објавила список со утврдени грешки кои не биле коригирани со ВАР технологијата, а генерално тоа се грешки за кои медиумите и пишуваа изминатиот период.
Јувентус два пати бил оштетен бидејќи противнички играчи не добиле чисти црвени картони (Берарди од Сасуоло и Малиновски од Џенова), а еднаш не бил досуден пенал за противникот на „бјанконерите“ (старт на Илинг на дуелот со Болоња).
Интер пак дури два пати постигнал голови кои требало да бидат поништени поради прекршок (гол на Арнаутовиќ против Џенова и гол на Фратези против Верона), а грешки биле направени на уште неколку натпревари.
-
Шпанија23 часа
Џентлменски потег: Реал Мадрид со голема почит го испрати Иниеста во пензија
-
Шпанија22 часа
Гути: Нешто не функционира во овој Реал Мадрид
-
Свет8 часа
Клоп со прва изјава за својот нов фудбалски проект: Не можам да бидам повозбуден
-
Германија21 час
Баерн подготвува „понуда која не се одбива“ за Мусиала
-
Англија19 часа
Палмер го победи Белингам во изборот за англиски фудбалер на годината
-
Англија21 час
Крај на една ера: Манчестер Сити останува без архитектот на моќниот тим на премиерлигашот
-
Европски купови9 часа
Ракометна магија во Скопје: Неверојатната акција на Вардар за која зборува цела Европа (Видео)
-
Франција22 часа
„Седумката“ на Гризман во француската репрезентација доби нов сопственик