Поврзете се со нас

Италија

Италијанските новинари едногласни за статусот на Ањели во Јувентус

Објавено

на

Британските медиуми вечерва објавија дека Ед Вудворд ќе ја напушти директорската функција во Манчестер Јунајтед, а веднаш потоа најавија и оставка на Андреа Ањели од претседателската позиција во Јувентус.

Ако за првата информација може да се смета дека „Би-Би-Си“ е релевантен извор во однос на ситуацијата на „Олд Трафорд“, веста за Ањели не е заснована на некоја реална потврда, тврдат италијанските медиуми.

Новинарите кои први ги објавуваат информациите поврзани со Јувентус велат дека од клубот, но и компанијата „Ексор“ демантираат оставка на Ањели и истите ги нарекоа лажни вести.

За разлика од Манчестер Јунајтед, каде Вудворд е на платниот список на фамилијата Глејзер, Ањели има поцврста позиција и веројатно само тој може да реши дека треба да се повлече поради најавениот неуспех на проектот Европска Супер лига.

Компанијата „Ексор“ која управува со Јувентус е во сопственост на фамилиите Ањели и Елкан, а барем досега братучедите беа координирани во најважните потези поврзани со клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни