Поврзете се со нас

Италија

Италијанските фудбалери го избраа играчот на годината и најдобриот тим во Серија А (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/en_sscnapoli

Комплиментите кои пристигнуваат од своите колеги се посебно важни за професионалните фудбалери, па поради тоа навистина важни за играчите се признанијата кои се добиваат со гласања во кое учествувале нивните колеги.

Италијанската асоцијација на професионални фудбалери „AIC“ вчеравечер ги избра најдобрите за тековната 2023-та година која е пред самиот крај, а сосема очекувано во изборот доминираат играчи на Наполи.

Виктор Осимен беше избран за најдобар играч во Италија, Квича Кварацхелија го постигнал најдобриот гол, додека Лучијано Спалети беше издвоен како најдобар тренер.

Доминација на Наполи има и во тимот на годината, во кој има дури четири актуелни и еден поранешен член од првиот тим (Ким).

Мењан, Тео Ернандес, Ди Лоренцо, Бастони, Ким, Лоботка, Чалханоглу, Барела, Кварацхелија, Леао и Осимен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни