Поврзете се со нас

Италија

Италијанскиот репрезентативец кој беше наречен „мрзлив“ од Спалети: Ќе се обидам да го демантирам на ЕП

Објавено

на

foto:twitter.com/Atalanta_BC

Италијанскиот тим денеска ќе се комплетира и Лучано Спалети ќе може да смета на сите играчи кои ги повика, а последни ќе се приклучат Џанлука Скамака и Федерико Гати.

Дефанзивецот на Јувентус доаѓа како замена за тешко повредениот Џорџо Скалвини, но Скамака треба да биде големо освежување во нападот, особено откако не беше повикан на првиот собир во 2024-та година.

Селекторот Спалети тогаш го изигнорира напаѓачот на Аталанта, за кого искусниот стручњак и натаму смета дека повремено е доста мрзлив за време на натпреварите, што секако не е добар комплимент пред Европското првенство.

– Не сум баш сигурен дека сум мрзлив. Да бев мрзлив, немаше да го достигнам нивото кое го достигнав во Аталанта. Тоа е гледиште на тренерот, но јас не се чувстувам мррзливо.

– Јас сум првиот кој пристигнува и последниот кој си заминува од тренинг центарот на Аталанта. Ако селекторот вели дека сум мрзлив, ќе доаѓам уште порано. Ќе се обидам да го демантирам на Европското првенство, – вели Скамака.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни