Поврзете се со нас

Италија

Италијански судија „исклучен“ од ЛШ поради смртни закани на сметка на фудбалер

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

УЕФА направи промена на судиската екипа назначена за натпреварот меѓу ПСВ Ајндховен и Спортинг Лисабон, а причината е невообичаена, барем кога се работи за судии на вакво ниво.

Италијанецот Фабио Мареска требаше да биде четврти судија на дуелот во Холандија, но УЕФА го суспендирала и тоа поради обвинувањето на негова сметка дека испратил смртни закани на адреса на еден фудбалер.

Мареска судел натпревар од првенството на Кувајт, односно бил главен судија на дербито меѓу Ал Кувајт и Ал Араби, а испратил сериозни закани кон гостинскиот фудбалер Халед Ал-Муршед, со кого влегол во конфликт на теренот.

Информацијата стигнала до УЕФА, па судиската комисија не сакала да ризикува ништо и го му порачала на Мареска да остане дома, додека неговото место го зазел сонародникот Даниеле Довери.

Италијанската судиска комисија засега нема став за инцидентот, додека во Кувајт работата отишла дотаму што адвокатот на фудбалерот поднел пријава до полицијата и тврди дека има видео запис од моментот кога Мареска му се заканува на фудбалерот.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни