Поврзете се со нас

Европски првенства

Италијански специјалитет: Левата рака на Донарума ќе биде вечен потсетник на трофејот од „Вембли“ (Видео)

Објавено

на

Џанлуиџи Донарума беше избран за најдобар играч на Европското првенство кое заврши во неделата, а пет дена подоцна, младиот чувар на мрежата реши да го овековечи незаборавното приквечерје на „Вембли“ со уникатна тетоважа.

Популарниот Џиџио ќе го носи споменот од „Вембли“ на своето тело до крајот на животот, бидејќи реши да се почести со тетоважа на која е нацртан посакуваниот трофеј од Европското првенство.

Донарума бележи денови кои ќе ги памети вечно, бидејќи покрај освоената титула на континенталниот собир, пред два дена го комплетираше и трансферот на кариерата со потписот со ПСЖ.

Џиџио ќе се потсетува на трофејот од „Вембли“ секојпат кога ќе ја погледне својата лева рака, а изборот на тетоважата е навистина посебен бидејќи најважното одличје е во боите на Италија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни