Поврзете се со нас

Италија

Италијански репрезентативец заработи непријатна повреда на одложениот меч од Серија, најава за проблем во тимот на Спалети

Објавено

на

Foto:x.com/Atalanta_BC

Џорџо Скалвини имаше неверојатна сезона како член на Аталанта и дочека повик за Европското првенство, но 20-годишниот дефанзивец има големи шанси да не отпатува на турнирот во Германија.

Причина за тоа е штетата што си ја нанесе на коленото на навидум неважниот меч во Серија А, со кој и официјално беше спуштена завеса на клупската сезона во Италија.

Одложениот меч меѓу Аталанта и Фиорентина не носеше никаква посебна важност, па токму поради тоа искусниот Гасперини веќе добива жестоки критики за непријатната повреда која ја заработи Скалвини.

Дефанзивеоцт постигна гол во поразот од 2:3 од Фиорентина, но во финишот од мечот со болни и заплашувачки гримаси го напушти теренот и се стравува дека заработи посериозна повреда на коленото.

Ако се потврди такво сценарио, Скалвини сигурно ќе го пропушти Европското првенство, а тоа носи проблем за Спалети кој ќе мора да прави и промена во тимот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни