Поврзете се со нас

Италија

Италијански репрезентативец ќе ја замени Рома со Фиорентина

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Помалата минутажа го натера еден од италијанските репрезентативци во редовите на Рома да побара нова средина и барем до крајот на сезоната да се обиде да се наметне во дрес со друга боја.

Се работи за Андреа Белоти, кој очекувано не добива многу шанси во присуство на Ромелу Лукаку во редовите на „волчицата“, а сега решил да ја прифати понудата на Фиорентина.

„Виолетовите“ имаат проблем со реализацијата и подолго време се обидуваа да пронајдат нов офанзивен играч, за на крајот решението да го најдат во редовите на ривалска екипа, која очигледно нема ништо против да го испрати Белоти на заем во Фиренца.

Последниот детаљ кој го решаваат клубовите е колкав процент од платата ќе исплаќа Фиорентина, бидејќи Рома не може да очекува целосно покривање на годишната плата од 2,5 милиони евра за својот играч, а нејасно е дали ќе постои опција „виолетовите“ да го откупат договорот по крајот на сезоната.

Белоти сака поголема минутажа во пресрет на ЕП и се надева дека тоа ќе се случи во редовите на Фиорентина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни