Италијански ас откри интересна информација: Ѓоковиќ сакал да и стави крај на својата кариера

novak-djokovic

Новак Ѓоковиќ минатата седмица успеа да оствари голем резултат и по пауза од две години да триумфира на еден грен слен или во случајов на Вимблдон.

Со тоа српскиот ас најави подобри времиња, настапи по лошиот период низ кој мина, период, резултати и проблеми поради кои размилсувал и да го остави тенисот. Оваа информација за „Скај Спорт“ ја откри италијанскиот тенисер, Филипо Воландри кој посочи дека Ноле бил на многу ниско ниво по Мастерсот во Мајами и сериозно имал на ум да го остави тенисот.

– Тоа беше навистина остварување на сонот (освојувањето на Вимблдон), особено кога ќе помислите дека после Мајами го собра тимот и им кажа – „Видете, ајде да разговараме со спонзорите зошто не знам дали сакам да продолжам да играм или не“. Навистина размислуваше да го остави тенисот, -истакна Воланди кој дополнително ги искометира случувањата на „Вимблдон“.

-За тоа разговарав со Фабио Фоњини пред неколку дена, но знаевме дека ако добие два тешки меча на највисоко ниво ќе си ја врати самодовербата. Не очекувавме да го освои Вимблдон, но по дуелот со Кајл Едмунд во третото коло видовме Ѓоковиќ кој многу напредувал. Дуелот пак со Надал беше еден од најдобрите мечеви во последните две години. Неговата прегратка со синот Стефан беше прекрасна, како сон, -заврши Италијанецот.

Facebook Коментари