Поврзете се со нас

Италија

Италијански медиуми: Јувентус го договорил тренерот за следната сезона

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfcen

Јувентус ја започна актуелната сезона со амбиција да се врати во Топ 4 друштвото и да обезбеди место во Лигата на шампионите, но тоа е и најава дека наредните години клубот ќе треба да поставува и повисоки цели.

Макс Алегри засега успева да го реализира потребното и Јувентус е на второто место на табелата, но денеска голем број медиуми на „чизмата“ најавуваат дека тој ја одработува последната сезона во редовите на „бјанконерите“.

Истите извори наведуваат дека Антонио Конте решил да се врати на клупата на Јувентус, но и дека веќе има постигнато договор со актуелното раководство на италијанскиот тим.

Тоа подразбира дека Алегри ќе си замине и ќе размислува за следниот предизвик подалеку од Торино.

Конте неочекувано го напушти Јувентус во 2014 година и подоцна имаше неколку вербални дуели со претходниот претседател Андреа Ањели, кој веќе не извршува функција во клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни