Поврзете се со нас

Европски првенства

Италијански фан го овековечи успехот на ЕП со уникатна тетоважа (Фото)

Објавено

на

Освојувањето на Европското првенство донесе посебно задоволство кај италијанските фанови, кои одамна немаа можност да слават на едно големо натпреварување.

Последната еуфорија ја предизвикаа членовите на генерацијата која победи на Светското првенство во 2006 година, а триумфот на „Вембли“ ќе ги залечи раните од претходните неуспеси, па и лоши резултати пред пристигнувањето на Роберто Манчини.

Еден италијански фан реши да го овековечи големиот успех на своето тело, а за најновата тетоважа искористи еден од најнезаборавните моменти од финалето.

Се работи за дуелот меѓу Кјелини и Сака, во кој италијанскиот капитен грубо го задржа за дресот англискиот репрезентативец, не дозволувајќи му да добие отворен пат за опасна завршница на истекот на судиското надополнување во регуларниот дел од средбата.

Додадениот пехар само ја надополнува симболиката и важноста на потегот на дефанзивецот.

Она што се случуваше подоцна е историја, а тетоважата направена од артистот Алберто Марцари ќе сведочи за незаборавниот и фудбалски мудар потег на Кјелини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни