Поврзете се со нас

Италија

Италијанската Федерација ја соопшти казната која судот му ја изрекол на Фаџоли

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Младиот играч за врска Николо Фаџоли беше првиот кој беше „уловен“ во скандалот со обложување, па спортскиот суд во Торино му ја изрече првата казна за прекршокот на строгиот правилник поставен од Федерацијата.

Иако во изминатите денови се шпекулираше дека Фаџоли може да добие ригорозна и драконска казна од три години, спортскиот суд имаше милост и додели значително помала казна, но сепак истата ќе му послужи како добра лекција на младиот Николо.

Италијанската Федерација соопшти дека Фаџоли добива забрана за играње фудбал во период од седум месеци, иако вкупната казна за прекршокот кој го направил изнесува 12 месеци.

Останатите пет месеци се условни и во тој период од одлежувањето на казната ќе бидат вклучени сесиите за лекување од зависност од коцкање, кои се задолжителни и кој Фаџоли мора да ги одработи.

Казната е драстично намалена поради фактот што се работи за млад фудбалер со светла иднина пред себе, но и поради тоа што Николо се каел за стореното и постојано соработувал со истражителите и судиите.

Поради прекршувањето на членот 24 од спортскиот правилник, Фаџоли ќе мора да исплати и сума од 12,5 илјади евра. По оваа одлука на судот, се очекува слична казна да добијат и Сандро Тонали и Николо Ѕаниоло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни