Италијанската ѕвезда Белинели ги одбра петте најдобри европски играчи со кои се соочил во кариерата

belinelli

Еден од најдобрите италијански играчи, Марко Белинели кој веќе долго време е во НБА лигата и има титула со Сан Антонио Спарс ги посочи петте најквалитетни европски асови со кои можел да се соочи во својата кариера.

Искусниот Белинели кој од 2002 година игра на сениорско ниво има променето многу клубови, па преку Виртус Болоња, Фортитудо Болоња, Голден Стејт Вориорс, Торонто Репторс, Њу Орлеанс Хорнетс, Чикаго Булс, Сан Антонио Спарс, Сакраменто Кингс, Шарлот Хорнетс денеска е во Атланта Хоукс што значи низ досегашното патување имаше можност да се соочи со многу ривали, но пет му оставиле најголем впечаток.

Тоа се:

-Дирк Новицки

-Хедо Туркоглу

-Предраг Стојаковиќ

-Ентони Паркер

-Ману Џинобили

(последните двајца не се од Европа, ама се најдоа на списокот на Белинели)

Facebook Коментари