Поврзете се со нас

Италија

Италијанска легенда со совет за Спалети: Време е за промени…

Објавено

на

Репрезентацијата на Италија со доста мака ја мина групната фаза, но сега тоа е во минатото е фокусот е на осминафиналето во кое за ривал ќе ја имаат селекцијата на Швајцарија.

Швајцарците се еден тим кој е спој на младост и искуство, тим кој знае како да игра на големите натпреварувања и дефинитивно се закана за „аѕурите“ кои да не заборавиме го бранат трофејот на шампионатот во Германија.

Клаудио Џентиле многу добро знае што значи да се носи италијанскиот дрес, да се биде дел од успешна генерација, па го советува селекторот Лучијано Спалети да направи промени во составот за соочувањето во Берлин.

-Швајцарија е квалитетна и ќе биде тешко да ги победиме. Тие се силни физички и тактички еволуирани. Имаат клучен играч, Ндоје кој може да ни наштети и партнерство во средниот ред, Фројлер и Џака што го диктира темпото.

-Сепак, имаме супериорен потенцијал, иако сè уште неизразен. Мора да играме повеќе, да им оставиме помалку простор на ривалите и да задржиме повисока линија. Мислам дека е време за некои промени, како на пример стартер да биде Фаџоли. Не знам дали ќе се сретнеме со Англија доколку се квалификуваме, но не би бил премногу загрижен за тоа во тој случај. Тие беа лоши досега. Тоа не е ништо во споредба со Шпанија која ја унапредува својата младост и е убава за гледање, -порача Џентиле за „Газета Дело Спорт“.

Швајцарија и Италија ќе ја отворат нокаут фазата со дуелот закажан на 29 јуни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни