Поврзете се со нас

Италија

Италијанска драма: Голманот не Лече се избори за пенал во 96. минута! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialUSLecce

Болоња пропушти големи шанси да оставри убедлива победа над Лече и скапо ги плати пропуштените шанси, бидејќи домаќинте успеаја да израмнат во фудбалска драма каква што не се гледа често.

Ликојанис ги донесе гостите во водство и Болоња не искористи уште најмалку две чисти шанси за обезбедување на победата, а тоа му овозможи на Лече очајно да тргне по израмнување во продолжението.

Се играше 96-та минута кога се случи еден невообичаен момент во Серија А, бидејќи голманот Фалконе тргна по израмнување и на крајот успеа да се избори за пенал.

Еден од дефанзивците на Болоња го повлече Фалконе и направи недозволен прекршок во шеснаесетникот, па после проверката на ВАР, беше покажано на белата точка.

Четири минути по направениот пенал, одговорноста ја презема Пиколи и ги постави конечните 1:1 во 100-та минута.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни