Поврзете се со нас

Италија

Италијано официјално претставен како нов тренер на Болоња

Објавено

на

Фото: https://www.bolognafc.it

Винченцо Италијано денеска е промовиран како нов тренер на Болоња, со што и официјално го наследи Тиаго Мота кој обезбеди историски пласман во Лигата на шампионите.

Италијано последните сезони ја водеше Фиорентина, но сега прифати нов предизвик и ќе ја води Болоња во групната фаза од најелитното натпреварување.

Новиот тренер на Болоња потпишал двегодишен договор, а за него ова е четврта екипа откако досега ги водеше и Трапани, Специја и Фиорентина. Ги одведе „виолетовите“ до три финалиња, но со оваа екипа не освои ниту еден трофеј, нешто што ќе се обиде да го поправи во Болоња.

Во меѓувреме се очекува Мота да го преземе Јувентус, додека Рафаеле Паладино го зазема местото на Италијано во Фиорентина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни