Поврзете се со нас

Италија

Италијано не може да го преболи последниот болен пораз: Дадов се што имав, време е за човек со нови идеи

Објавено

на

Foto:x.com/acffiorentina

Фиорентина денеска ја победи Аталанта во Бергамо на заостанатиот меч од Серија А и го потврди осмото место на табелата, но триумфот од 2:3 ќе се памети и по тоа што ова беше последниот меч за Винченцо Италијано како предводник на „виолетовите“.

По три сезони исполнети со многу подеми и падови, Италијано донел официјална одлука да се повлече од тренерското место, се со цел да остави простор за друг тренер со нови идеи.

Фиорентина под водство на Италијано играше во три финалиња во последните две сезони и загуби на сите три важни меча, а очигледно последниот пораз од Олимпијакос остави неизлечливи рани кои резултираа со повлекување.

– Требаше да дојдеме на овој меч со заслужена награда за тоа што го сработивме, но сега ставаме крај на оваа тригодишна етапа на ваков начин. Овој клуб ме промени и патувањето беше неверојатно. Многу напреднав како човек и како тренер. За жал не освоивме трофеј, но патувањето беше фантастично.

– Никогаш не е лесно и многу ми е жал што не добивме заслужена радост каква што имаа во Бергамо за титулата во Лига Европа. Овие три години беа позитивни, не само поради изданијата на теренот, туку и поради хемијата која ја креиравме. Дадов се што имав, време е да се сврти нов лист, да се остави простор за нов човек со нови идеи. Тоа е она што им го кажав на момците кога ја соопштив мојата одлука, – изјави Италијано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни