Италија
Италијано не е заинтересиран за Наполи, Де Лаурентис бира меѓу двајца француски тренери

Наполи остана без тренер по сезоната во која ја освои титулата, а клубот се обидува што побргу да донесе правилна одлука околу наследникот на Лучијано Спалети.
Претседателот Аурелио Де Лаурентис одамна мораше да се откаже од опцијата Луис Енрике, а добил негативен одговор и од Винченцо Италијано, кој реши да остане лојален кон Фиорентина и да ги води „виолетовите“ барем уште една сезона.
„Ил Матино“ кој е медиум добро упатен во случувањата во Наполи тврди дека во конкуренција за тренерската позиција сега се Руди Гарсија и Кристоф Галтие.
Гарсија до неодамна му беше тренер на Кристијано Роналдо во Ал Наср и добро зборува италијански од времето кога ја водеше Рома, додека Галтие нема да добие шанса од ПСЖ да го води тимот и следната сезона, па веќе е во потрага по нов ангажман.
Предност во опцијата Галтие е што неговото пристигнување може да го задржи Виктор Осимен барем уште една сезона, бидејќи тој соработуваше со Нигериецот додека двајцата беа во Лил.
-
Светпред 23 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 22 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 13 часа
Чави со џентлменска изјава откако Рамос си постигна автогол за победа на Барса
-
Англијапред 12 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
АТПпред 24 часа
Медведев: Логиката диктира, Алкарас ќе биде број еден до крајот на годинава
-
Англијапред 3 часа
Андерсен со мајсторија се погрижи за ужас на „Олд Трафорд“ каков што не се памети повеќе од три децении (Видео)
-
Англијапред 10 часа
Тен Хаг загуби уште еден играч и порача: Фудбалерите не можат да издржат
-
Германијапред 23 часа
Дортмунд со супер гол ја круниса победата против Хофенхајм (ВИДЕО)