Поврзете се со нас

Италија

Италијано: Боли кога твоите играчи плачат

Објавено

на

foto:x.com/FabrizioRomano

Составот на Фиорентина доживеа пораз од Олимпијакос од 1-0 во финалето на Конференциската лига на УЕФА што се одигра во Атина.

„Виолетовите“ важеа за благи фаворити на хартија, екипа која е поискусна кога е во прашање оваа фаза затоа што и во минатата година играше по мечот за титула, но и во оваа кампања играчите на калчолигашот мораа да го напуштат теренот со наведната глави.

-Верувавме дека овојпат можеме да го освоиме трофејот. Навистина, поразот боли. Втор пат, исто разочарување. Имавме многу ситуации во кои можевме да постигнеме гол, но играчите дадоа се од себе.

-Боли кога гледаш дека твоите играчи плачат. Верувавме дека овој пат ќе има поинаков епилог, -истакна тренерот на Фиорентина, Виченцо Италијано.

Инаку ова за клубот од „Артемио Франки“ е трето загубено финале под водство на актуелниот стратег. Во ланската сезона Вест Хем ги доби во Конференциската лига, додека пак Интер беше подобар од нив во Купот на Италија (2022/2023).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни