АТП
Италијанецот како ѕид: Синер со гранитна одбрана ги воодушеви фановите во Њујорк (Видео)
Јаник Синер фуриозно се пласираше во осминафиналето на Ју-Ес Опен и запиша убедлива победа со 3:0 по сетови, триумф во кој не му даде никаква шанса на Кристофер О’Конел.
Австралискиот тенисер влезе како апсолутен аутсајдер во овој меч и не можеше да му парира на светскиот рекет број еден, кој засега добро се справува со притисокот после допинг скандалот кој надвисна над неговото име.
Синер ја запиша третата победа и изгледа се подобро од меч во меч, па јасно е дека сега е и главен фаворит за титулата после испаѓањата на Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас.
Јаник денеска му препушти само седум гејма на противникот и славеше со 6:1, 6:4 и 6:2, па сега може да се подготвува за следниот ривал, подобриот од дуелот меѓу Пол и Диало.
Италијанскиот тенисер денеска понуди неколку извонредни потези на теренот, но најмногу воодушеви при една гранитна дефанзива, со која успеа да ги крена на нозе фановите на Њујорк, без оглед на тоа што на крајот погреши и го загуби поенот.
Jannik Sinner with his best Andy Murray impression 😅 pic.twitter.com/1TsMSv1FMt
— US Open Tennis (@usopen) August 31, 2024
-
Балканпред 18 часа
Гатузо со вулгарни зборови по големата дерби победа над Динамо: Би бил вистинско……
-
Шпанијапред 17 часа
Помладиот Белингем за ѕвездата на Реал: Џуд е бескорисен…
-
Светпред 19 часа
Димитриоски и Карапалевски со ист учинок, Валјадолид испушти победа во АСОБАЛ лигата
-
Шпанијапред 17 часа
Деко за играчот кој си замина од Барселона: Му понудивме договор и важен проект, но тој…
-
Шпанијапред 15 часа
Јамал: Сакам да играм заедно со него секоја недела
-
Англијапред 12 часа
Гвардиола: Првпат се сложувам со Тебас
-
АТПпред 14 часа
Руд застана зад Синер: Се запознав со правилата, ако внимателно прочитате…
-
Англијапред 15 часа
Мареска објасни што очекува од Санчо по трансферот од Јунајтед