Поврзете се со нас

Италија

Италијанецот дал зелено светло: Пиоли ќе води три големи ѕвезди во новиот клуб

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Стефано Пиоли стави крај на својата убава авантура во Милан и се раздели со клубот на пријателски начин, но иако имаше доста примамливи понуди од Европа, се одлучил да ја прифати онаа најбогата и најегзотичната.

Искусниот стручњак дал зелено светло и прифатил да води еден од најголемите клубови во Саудиска Арабија, во кој ќе налета на голем број познати ѕвезди во европскиот и светскиот фудбал.

Како што јавуваат најугледните италијански новинари, Пиоли му кажал „ДА“ на Ал Итихад и потпишал тригодишен договор, еден ден откако овој саудиски клуб информираше дека ја завршува турбулентната етапа со Марсело Галјардо.

Пиоли ќе пристигне во Ал Итихад да го гасне „пожарот“ и да ја поправи внатрешната атмосфера во соблекувалната, во која има и големи и звучни ѕвезди како Карим Бензема, Нголо Канте и Бразилецот Фабињо.

По дадениот збор, следен чекор е заминување на Пиоли за Саудиска Арабија, па неговата промоција во новиот клуб се очекува во наредните неколку дена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни