Поврзете се со нас

Англија

Италијанец ќе биде нов тренер на Челси, носи еден „куп“ асистенти на „Стемфорд Бриџ“

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Челси се одлучи да се раздели со менаџерот Маурисио Покетино, потег кој беше изненадување за добар дел од јавноста затоа што „сините“ почнаа да играат квалитет фудбал во завршницата, фудбал кој донесе резултати и излез во Европа.

Меѓутоа тоа не беше доволно и премиерлигашот се реши за промена, ангажман на нов тренер кој се посе изгледа ќе биде Италијанец кој има работено со Пеп Гвардиола со Манчестер Сити.

Се работи за 44-годишниот Енцо Мареска кој минавата сезона ја мина во Лестер, тим кој експресно успеа да го врати во Премиер лигата. Управата на Челси верува во него и според последните информации договорено е тој да потпише договор до јуни 2029 година.

„Лисиците“ нема да останат само без Енцо затоа што најмалку пет асистенти ќе си заминат, односно ќе бидат дел од стручниот штаб на Италијанецот во новата средина.

За ова Лестер ќе добие обештетување, но од друга страна ќе мора да бара соодтвена замена за нив, поточно да создаде екипа која ќе функционира во највисокиот англиски ранг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни