Поврзете се со нас

Олимписки игри

Италијанец кажа дека му е идол, ѕвездата на Јута му одговори: Срање, потребен му е подобар идол

Објавено

на

Репрезентациите на Австралија и Италија одиграа интересен меч на Олимписките Игри во Токио, меч кој им припадна на Австралијците со 86-83.

Ова беше средба која донесе доста дуели, а еден од нив беше меѓу Симоне Фонтекио и Џо Инглс. Италијанецот се покажа како поуспешен и даде 22 поени со 4 скока со што го ја засени ѕвездата на Јута Џез која застана на 14 кошеви.

По мечот Фонтекио истакна дека Инглс е негов идол, а кога ова го слушна репрезнетативецот на Австралија порача:

-Рекол дека јас сум му идол? Срање, потребен му е подобар идол, -истакна Џо и потоа продолжи.

-Никогаш порано не сум го гледал како игра. Гo скаутирав пред натпреварот. Отидовме на гугл  за да видиме каде игра. Бев изненаден што не е во еден од најдобрите тимови во Европа. Тој е многу добар играч, агресивен, особено во нападот. Тој шутира добро, со добар процент на квалитет. Можеби ќе му дадам дрес или нешто слично. Многу сум изненаден, многу, -рече Инглс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни