Поврзете се со нас

Евролига

Италијанците жестоко го исвиркуваа Теодосиќ, Србинот ги „поздрави“ со докторска асистенција (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/kkcrvenazvezda

Црвена Звезда успеа да победи на  гостувањето во Милано и се врати на победничките патеки во Евролигата, натпреварување во кое продолжи по рецептот топло-ладно.

„Црвено-белите“ пред неколку дена доживеаја изненадувачки пораз од Асвел и мораа да бркаат триумф во Милано, а тоа го направија со доминантна игра од самиот старт.

Звезда славеше над Олимпија со резултат 62:76, а од раната фаза на мечот ни пристигна најдобриот потег на паркетот.

Милош Теодосиќ беше жестоко пречекан во Милано поради тоа што неодамна беше најлут ривал на Олимпија како член на Виртус Болоња, меѓутоа таквата атмосфера послужи како инспирација за неверојатниот плејмејкер.

Теодосиќ одговори на свирежите со докторска асистенција и истата стана најсподелувана на социјалните мрежи во кошаркарска Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни