Поврзете се со нас

Италија

Италијанците уште еднаш ги закачија Англичаните за поразот на ЕП (ВИДЕО)

Објавено

на

Како што е познато Италија минатово лето дојде до титулата нов европски шампион и тоа откако во финалето на „Вембли“ беше поуспешна од домашната англиска селекција.

Англичаните во текот на целото првенство беа убедени дека ќе го освојат трофејот, дека „фудбалот се враќа дома“, меѓутоа четата на Роберто Манчини функционираше фантастично и како тим се избори за пехарот кој дефинитивно најави дека едноставно се враќаат на големата сцена и ќе играат важна улога на најважните натпреварувања.

Сега неколку месеци по тој настан снимена е реклама за поштата во Италија, а „аѕурите“ во истата ги истролаа Англичаните или поточно им додадоа сол на раната.

Во рекламата го имаме Роберто Манчини кој добива пакет на врата, а истиот му го носат Жоржињо, Бонучи и Локатели.

Манчини отвара врата, а Бонучи го прашува Жоржињо што има донесено по што играчот за врска одговара.

-Англиска супа-

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни