Поврзете се со нас

Италија

Италијанците го објавија официјалниот распоред за продолжението од Серија А

Објавено

на

Италијанското фудбалско првенство официјално ќе продолжи на 20. јуни, кога на програмата се две заостанати средби.

Дуелот со кој ќе продолжи Серија А е тој меѓу Торино и Парма од 18:30 часот, а истиот ден, од 20:45 часот Верона ќе го пречека Калјари.

Следниот ден се играат уште две претходно планирани, а неодиграни средби, односно мечевите Аталанта-Сасуоло и Интер-Сампдорија за кои важат истите термини.

Од 22 јуни започнува 27. коло со три натпревари, од 18:30 ќе се играат дуелите Фиорентина-Бреша и Лече-Милан, додека од 20:45, Болоња го пречекува Јувентус.

Наредните два дена возбудувањата ќе продолжат со уште седум средби и тоа Спал-Калјари, Верона-Наполи, Џенова-Парма и Торино-Удинезе на 23 јуни, односно Интер-Сасуоло, Аталанта-Лацио и Рома-Сампдорија на 24 јуни.

Дербито меѓу Јувентус и Лацио е закажано за 20 јули.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни