Поврзете се со нас

Светски првенства

Италијанците се откажуваат од Торино, Македонија може да гостува во „жешкиот“ Палермо

Објавено

на

Актуелниот европски првак Италија ќе и биде домаќин на македонската фудбалска репрезентација во полуфиналето од плејофот за пласман на СП во Катар, а Италијанците почнале да размислуваат за промена на стадионот каде ќе се игра средбата.

Главен фаворит за домаќин беше стадионот на Јувентус во Торино, но неодамна отворената истрага за финансиски малверзации на „бјанконерите“ донел доза загриженост кај раководството на федерацијата.

Средбата е закажана за напролет, а тогаш би можело да има конкретни резултати од истрагата, па федерацијата сака да избегне националниот тим да биде стациониран на локација на која има проблематична ситуација.

Италијанските медиуми наведуваат дека стадионот „Алијанц“ бил избран поради соодветниот капацитет од околу 40.000 фанови, но сега се размислува за други опции.

„Олимпико“ во Рим не е во комбинација поради други настани кои се планирани, првично се размислувало за стадионот на Болоња, но Италијанците не сакаат да ризикуваат непредвидливите временски услови да бидат евентуален хендикеп за нив како фаворит.

Најсериозен кандидат во моментов е стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо, бидејќи се очекуваат подобри временски услови на Сицилија, како и солидна посетеност на фановите кои во моментов го бодрат својот тим во Ц лигата.

Торино претходниот пат беше среќен за Македонија, бидејќи во 2017 година освоивме бод против Италија, но на стадионот на фудбалскиот клуб Торино.

Натпреварот Италија-Македонија ќе се игра на 24. март, а победникот ќе се бори за место на мундијалот во дуел со поуспешниот од средбата Португалија-Турција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни