Поврзете се со нас

Италија

Италијанците ја пренесоа прошталната порака на Сари во соблекувалната на Лацио

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Клаудило Лотито чекаше цел ден пред да му ја прифати оставката на Маурицио Сари, но италијанските медиуми уште вчера пренесоа дека искусниот стручњак веќе ги земал своите работи од тренинг центарот и практично се збогувал со играчите од првиот тим.

За Сари нема враќање назад и цврсто е решен во одлуката која ја донел, па угледните новинари од чизмата ја пренесоа и пораката со која се одјавил од соблекувалната.

Лацио влезе во сериозна резултатска криза и запиша четири порази во низа (пет на последните шест меча), па иако Сари уживаше голема доверба од Лотито, на крајот реши самиот да се спакува и да си замине.

Ова утро, Лацио излезе со официјално соопштение за заминувањето на својот тренер, а новинарите ја пренесоа прошталната порака која им ја посветил Сарри на своите фудбалери.

– Можам да видам дека вие веќе не сте со мене, дел од вас се премногу поразлични од тоа што бевме минатата сезона. Одлучив да се повлечам и да дадам оставка. Ако јас сум проблемот, се тргам настрана, сега може да се размрдате до крајот на сезоната, – им порачал Сари на фудбалерите од првиот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни