Поврзете се со нас

Шпанија

Италијанците ја открија официјалната понуда која Перез му ја доставил на Алегри

Објавено

на

Многу прашања поврзани за тренерската функција во Реал Мадрид ќе бидат одговорени по крајот на последниот меч од завршното коло во шпанската Примера кое е на програмата претстојниот викенд, бидејќи за очекување е самиот Зинедин Зидан да даде искрен и точен одговор за тоа која е неговата конечна одлука.

Угледните мадридски медиуми се убедени дека Зизу си заминува од Реал без разлика на епилогот во завршното коло во кое тимот се бори за титулата со Атлетико Мадрид, па ваквите шпекулации се пренесоа и во Италија од каде сега пристигна ексклузива на познатата „Газета“.

„Газета дело Спорт“ открива дека Флорентино Перез веќе го исконтактирал Масимилијано Алегри и му ја доставил првата понуда за да го преземе столчето кое ќе остане празно со очекуваното заминување на францускиот стручњак, што воедно претставува втора официјална понуда од претседателот на Реал до поранешниот предводник на Јувентус.

Алегри во минатото го одби Перез и реши да остане верен на Јувентус, но сега како слободен агент кој точно две години е надвор од фудбалските води, се повеќе се издвојува како прв фаворит за клупата на Реал Мадрид.

Според пишувањата на „Газета“, Перез му понудил двегодишен договор на Алегри „тежок“ 10 милиони евра, но покрај тоа што му загарантира 5 милиони евра по сезона, му напоменал дека договорот може да биде продолжен за плус една година. Истиот извор тврди дека Перез го пикирал Алегри како прв избор за својот нов проект, но доколку не успее во тоа, тогаш ќе се сврти кон Раул Гонзалес кој е дел од школата на Реал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни