Поврзете се со нас

Италија

Италија во Неапол ќе располага со состав каков што немала три децении

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Azzurri

Италија ја пречекува Англија во квалификациското дерби кое ќе се игра во Неапол, а селекторот Роберто Манчини ќе располага со ростер во состав каков што „аѕурите“ немале цели 29 години.

Првпат по 1994 година, од објективни и субјективни причини, Италија на теренот и на клупата ќе нема фудбалер на Јувентус.

Федерико Киеза го откажа повикот на селекторот поради повреда, а Леонардо Бонучи не е доволно заздравен по последниот проблем, па исто така нема да настапи во репризата од финалето на последното ЕП.

Дел од италијанските фанови имаат замерка за Манчини бидејќи не го повика Мануел Локатели, а во комбинација не е ни ниту Николо Фаџоли, кој сезонава игра одлични натпревари во дресот на „бјанконерите“.

Последен пат Италијанците немале член на Јувентус во 1994 година, кога селектор бил Ариго Саки.

Натпреварот Италија-Англија ќе се игра вечерва од 20:45 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни