Италија убедлива, четврти пораз за женската кошаркарска репрезентација

RA1_8605

Женската кошаркарска репрезентација забележа уште еден висок пораз во квалификациите за ЕП 2019, а вечерва доминација против избраничките на селекторот Марјан Лазовски имаше селекцијата на Италија.

Италијанките, на домашен терен во Павија славеа со преубедливи 93:33 и ни го нанесоа и четвртиот пораз во исто толку одиграни натпревари во овие квалификации.

За тоа колку неконкурентни беа нашите репрезентативки покажува фактот што првите поени ги постигнавме во осмата минута, во првиот период постигнавме само 4 поени, а во последниот период Македонија реализирала само 3 поени.

Ѕандаласини со 21 и Сотана со 20 поени биле најефикасни во италијанскиот состав, додека кај Македонија, најдобра реализаторка беше Митрашиновиќ со „дури“ 9 поени.

Facebook Коментари