Поврзете се со нас

Светски првенства

Италија постави нов историски рекорд и покрај промашениот пенал на Жоржињо, фаворитите без грешка (ВИДЕО)

Објавено

на

Селекцијата на Италија не успеа да слави ниту во вториот официјален меч по освоената европска титула, но и ремито против Швајцарија (0-0) беше доволно да постави нов рекорд.

Ова за „нероаурите“ беше 36 меч во низа без пораз со што ги надмина Шпанија и Бразил (35) и стана репрезентација која издржала најмногу без да почуствува како е да се загуби натпревар. Инаку на вечерашната битка во Базел најголемата шанса за погодок за пропушти фудбалерот на Челси, Жоржињо кој во 53 минута го промаши ударот од 11 метри или поточно го прочита голманот Зомер.

Италијанците остануваат први во групата со 11 бода, четири повеќе од вечерашниот противник кој има одиграно два натпревари помалку.

На останатите дуели фаворитити немаа проблеми, Германија и Романија во нашата група славеа над Ерменија и Лихтенштајн, потоа Белгија беше поуспешна од Чешка, а гол-шоу имаа Шпанија и Полска против Сан Марино и Грузија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни