Италија обезбеди место на ЕП, Кинг спречи радост на Шпанија во Норвешка (Видео)

Jorginho

Селекцијата на Италија ја победи Грција со 2-0 и на тој начи официјално обезбеди место на Европското првенство кое е програмата наредната година.

„Аѕурите“ заиграа многу подобро во второто полувреме и тоа донесе резултат, па така членот на Челси, Жоржињо го отвори резултат во 63 минута со удар од белата точка. По ова беше многу полесно за Италијанеците кои трите бода ги потврдија во 78 минута преку Бернардески.


Репрезентацијата на Шпанија пак до 94 минута имаше победа во Норвешка, но судијата Мајкл Оливер во тоа продолжение досуди пенал за домаќините кој го реализираше Кинг за конечни 1-1. Инаку голот за Шпанците на овој дуел кој беше специјален за Рамос (играч со најмногу мечеви во националниот тим-168) беше дело на Нигез.


На остантите две средби во вечерниот термин Лихтенштајн и Ерменија одиграа без победник (1-1), а Шведска беше сигурна со Малта (4-0).

Facebook Коментари