Поврзете се со нас

Светски првенства

Италија ќе се кандидира за организатор на СП 2030 заедно со Саудиска Арабија

Објавено

на

Италијанската фудбалска федерација посакува да ја добие организацијата на Светското првенство планирано за 2030 година, а кандидатурата ќе донесе и интересно изненадување.

Како што најавува порталот „Атлетик“, Италија ќе испрати кандидатура за организација заедно со Саудиска Арабија, комбинација која ќе биде најневообичаена досега ако ја добие поддршката од ФИФА.

Ваквата коорганизација би им одговарала на двете земји, на Италија поради фактот што ќе има дури 80 натпревари по зголемувањето на бројот на учесници, а на Саудиска Арабија за да ја добие поддршката на ФИФА со помош на европската земја која има трофеи, но и голема фудбалска традиција.

Претседателот на Италијанската федерација потврди дека неговата земја ќе сака да биде организатор на ЕП 2028 или СП 2030, додека Саудиска Арабија ангажирала консултантска куќа за избор на најдобра формула, која во случајов е со подалечна земја.

Проблем ќе биде притисокот врз Италијанците кој сигурно ќе биде создаден поради честите критики на властите во Саудиска Арабија на тема почитување на човечки права.

Канада, САД и Мексико ќе бидат домаќини на мундијалот во 2026 година, а досега само Јапонија и Јужна Кореја беа коорганизатори на едно Светско фудбалско првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни