Поврзете се со нас

Светски првенства

Италија го отвори СП со победа над Ангола, Марканен не можеше сам против Австралија

Објавено

на

Италија и Австралија се првите репрезентации кои забележаа победи на првиот натпреварувачки ден на Светското првенство во кошарка.

Италијанците не беа премногу убедливи, но ја совладаа тврдата селекција на Ангола со 81:67, а Австралија издоминира во вториот дел против Финска за поубедлив триумф со резултат 98:72.

„Азурите“ го започнаа последниот период со предност од само четири поена, но умешно ја задржаа предноста и во продолжението направија поголема позитива, при што најефикасни беа Фонтекио со 19 и Тонут со 18 поени.

Финците добро започнаа против Австралија, го добија првиот период со плус четири, но противникот ја презема контролата во следните десет минути, а во вториот дел издоминира за заслужена убедлива победа.

Милс со 25 и Гиди со 14 поени беа најефикасни во редовите на победничката селекција, а Марканен со 19 поени очекувано беше најдобар поединец во финскиот состав.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни