Поврзете се со нас

Италија

Италија го испраќа својот најдобар голгетер во историјата: Почина Џиџи Рива (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/CagliariCalcio

Италијанските медиуми во текот на денешниот ден пренесоа дека легендарниот Џиџи Рива е пренесен во болница поради влошена здравствена состојба, а за жал оваа вечер пристигна најлошата можна вест.

Рива починал во болницата во Калјари на 79-годишна возраст, откако неговото срце престанало да чука после шокот кој го преживеал ова утро кога итно бил пренесен на интензивна нега.

Незаборавниот напаѓач бил хоспитализиран на кардиолошкото одделение во болницата во Калјари откако колабирал во својот дом, па иако во првото соопштение се порача дека состојбата е стабилизирана, Рива на крајот ја загубил оваа битка.

Рива заминува во вечноста во 79-та година од својот живот, а неговото име вечно ќе се памети во Италија бидејќи станува збор за најдобариот голгетер во историјата на националната селекција.

Со 35 гола на 42 настапи, Џиџи Рива и ден денеска е најдобар гол играч во историјата на националниот тим, па во негова чест второто полувреме од финалето меѓу Интер и Наполи започна со минута молк.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни