Одбојка
Италија е нов светски одбојкарски шампион

Италија ја победи Полска во големото мундијалско финале во Катовице и стана нов светски одбојкарски шампион во машка конкуренција.
Стартот најави поинаков расплет, бидејќи Полска поведе со 1:0 во сетови, а водеше и со 3:0 во вториот сет, но Италијанците се разбудија навреме и не само што ја вратија неизвесноста во сетот, туку и го добија со 25:21.
Во продолжение следуваше целосен пресврт, во кој „азурите“ ги добија третиот и четвртиот сет со 25:18 и 25:20 за конечни 3:1 во големото финале на СП кое финишираше во Полска.
Левија со 19 поени бил предводник на новиот светски првак, додека Шливка освоил 12 поени за Полска во за него и соиграчите, загубеното големо финале.
Италијанците на најдобар начин го затворија спортскиот ден, откако претходно нивната кошаркарска репрезентација направи големо изненадување на ЕП, совладувајќи го првиот фаворит Србија во осминафиналето.
-
Евролигапред 17 часа
Антиќ дочекан со овации и аплаузи од навивачите на Црвена Звезда (ВИДЕО)
-
Англијапред 22 часа
Тен Хаг добива сериозно засилување во офанзивата: Ќе донесеме конечна одлука…
-
Светпред 14 часа
Уругвајците добија жестоки казни за нивното лудило на СП (ВИДЕО)
-
Англијапред 24 часа
Преговорите меѓу Евертон и Биелса пропаднале поради уникатен предлог на „лудакот“, Дајч ќе биде нов менаџер на „Гудисон“
-
Шпанијапред 23 часа
Анчелоти: Овојпат не се налутив, но не можам да разберам една работа
-
Светпред 23 часа
Руди Гарсија: Утката на Роналдо беше клучен момент на натпреварот (Видео)
-
Евролигапред 12 часа
Обрадовиќ во свој стил: Победивме, ама сме премногу глупави
-
АТПпред 20 часа
Ѓоковиќ го коментираше испадот на неговиот татко: Сме поминале низ војни, знаеме..