Историски успех: Нигерија обезбеди место на олимпискиот натпревар во боб

nigerija-bob

Нигериската женска репрезентација во боб ќе учествува на Зимската олимпијада во корејскиот град ПјонгЧанг која започнува на 9. февруари 2018 година.

Сеун Адигун, Нгози Онвумере и Акуома Омоега направија историски успех откако преку квалификациите обезбедија место на олимпискиот натпревар во боб двосед, а покрај тоа што ќе бидат први учесници од Нигерија на ЗОИ, ќе бидат и први претставници на целиот африкански континент во овој спорт.

Адигун веќе има олимписко искуство откако се натпреваруваше во дисциплината 100 метри со пречки на Летната олимпијада во Лондон 2012 година, а таа и нејзините сонароднички собраа донација од 75.000 долари за да можат да го остварат својот сон.

Ниту еден африкански спортист или репрезентација немаат освоено медал во досегашната историја на зимските олимпијади.

Facebook Коментари