Поврзете се со нас

Англија

Историски трансфер: Гвардиола доби нов стопер вреден 50 милиони евра (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Манчестер Сити со полна пареа го стартуваше зимскиот преоден рок, па иако минаа неколку недели од почетокот на месец јануари, англискиот шампион вечерва и дефинитивно ја комплетираше зделката за која се зборува веќе некое време.

Абдукодир Хусанов од вечерва и дефинитивно е нов стопер во ростерот на играчи со кои располага Пеп Гвардиола, откако клубот од „Итихад“ реши да плати фиксни 40 милиони евра за неговите услуги, со напомена дека истите можат да достигнат и сума од 50 милиони евра.

Десет милиони евра се во вид на бонуси и неговиот досегашен клуб Ленс ќе ги инкасира истите само ако се остварат низа клаузули, што сепак не е толку важно ако се знае дека францускиот клуб го купи Хусанов од Енергетик за сума од само 100 илјади евра во 2023-та година.

– Пресреќен и презадоволен сум што му се приклучувам на Манчестер Сити, тим кој уживав да го гледам последните години. Овој тим е исполнет од најдобрите играчи во светот и едвај чекам да ги запознаам и да почнам да играм со нив.

– Секако, Пеп Гвардиола е еден од најдобрите тренери на сите времиња и навистина сум посебно емотивен што ќе учам од него. Очекувам да се подобра од соработката со новиот менаџер, – вели 20-годишниот Узбекистанец кој во Сити ќе го носи дресот со број 45.

Хусанов на овој начин испиша историски трансфер во англискиот фудбал, бидејќи стана првиот Узбекистанец кој заиграл за Манчестер Сити, но и воопшто во Премиер лигата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни